ВИДЕО+ФОТО | Ангеловски: Имаме подобрување на дисциплината на возачите на целата територија на државата

Сообраќај / Фото: Архива на Слободен печат

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (16.12.2020) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Велес, при што санкционирани се 91 возачи, меѓу кои 11 за возење без возачка дозвола, 14 за возење нерегистрирано возило, а санкционирани се и седум возила кои вршат јавен превоз, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Велес.

-Евидентно е дека имаме подобрување на дисциплината на возачите на целата територија на државата, како резултат на овие засилени контроли, што пак се рефлектира и на значително намалениот број на сообраќајни незгоди и жртви. Споредено ноември 2020 година со ноември 2019 имаме за 21 отсто намален број на сообраќајни незгоди, за 36 отсто намален број на загинати лица, за 75 отсто намален број на загинати пешаци, а за 47 отсто е намален бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди- рече Ангеловски.

И на територијата на СВР Велес е евидентно намалувањето на сообраќајни незгоди, осбено оние со тешки телесни повреди, кои се намалени за 62 отсто. За 67 отсто е намален бројот на загинати лица, а за 28 отсто вкупниот број на сообраќајни незгоди. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот