ВИДЕО | Фон дер Лајен од Ниш најави 165 милиони евра за Србија, Вучиќ вели: Знаеме да ја цениме помошта

Фото: Printscreen

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги посетија работите на изградбата на гасниот интерконектор Србија-Бугарија кај Нишка Бања, што треба да заврши до септември 2023 година, објави РТС Претседателот на Европската комисија ја покани Србија да влезе со ЕУ во заедничката набавка на гас и најави непосредна буџетска поддршка од 165 милиони евра.

Вучиќ: Ќе направиме се за да ги зачуваме мирот и стабилноста

Претседателот Вучиќ, во однос на односите со Приштина, рече дека Белград ќе направи се за да ги зачува мирот и стабилноста, но и дека „сите еднострани потези досега се направени од Приштина, а не од Белград“.

„Загрижен сум. Ја видов вашата конференција со г-ѓа Вјоса Османи. Видов дека таа ја искористи можноста да зборува против Белград и Србија. Нема да го сторам тоа, никогаш нема да го сторам тоа. Можам само да ви кажам дека ќе направиме се што можеме за да ги спасиме мирот и стабилноста“, рече Вучиќ.

Фон дер Лајен рече дека Србија, како и остатокот од континентот, е погодена од тешкотиите што постојат на енергетскиот пазар, поради што ЕУ одлучила да преземе одредени мерки.

На краток рок, додаде таа, се планира помош за Западен Балкан, а Србија, како што вели, ќе добие 160 милиони евра буџетска помош за поддршка на загрозените членови на општеството и малите и средни претпријатија да се справат со високите цени на енергенти.

Таа посочи дека одржливо решение не е само помошта, туку потребни се и инвестиции.

Во таа насока, таа рече дека ЕУ има обезбедено 500 милиони евра грантови за земјите од Западен Балкан за инвестиции во инфраструктурата и ги спомена трите проекти: Трансбалканскиот струен коридор од Италија преку Србија до Бугарија, изградбата на нова енергетски ефикасна Универзитетска детска болница и изградбата на интерконектор меѓу Србија и Северна Македонија.

Фон дер Лајен на прашањето за политиката за воведување на санкции кон Русија рече дека процесот на проширување на ЕУ се заснова на заслуги и дека тој е во рацете на земјата која сака да се приклучи.

„Важно е да се усогласиме со заедничката надворешна и безбедносна политика, бидејќи членството во ЕУ значи споделување на истите вредности, рече таа и додаде дека „сметаме на Србија како доверлив партнер, бидејќи заедно можеме да ги одбраниме заедничките принципи”.

Таа изјави и дека дијалогот ќе се интензивира за да се најде соодветно решение за табличките на Косово, а „она што ни треба е конструктивност и флексибилност од двете страни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот