филипини земјотрес EPA/CERILO EBRANO

ВИДЕО| Филипините погодени од земјотрес со јачина од 7,6 степени, издадено предупредување за цунами

– Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погоди Филипините денес, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.

Филипините и Индонезија издадоа предупредувања за цунами, јавува Ројтерс.

Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 10 километри, околу 62 километри од брегот.

Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека се можни опасни бранови во радиус од 300 километри од епицентарот.

Евакуацијата на населението, особено децата од училиштата, веќе започна во крајбрежната област.

Локалните власти ги предупредија луѓето да бидат во готовност и да се засолнат во повисоките области.

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос повика на евакуации во неколку крајбрежни провинции, додека индонезиските власти изјавија дека досега не добиле извештаи за штети.

Филипинската сеизмолошка агенција предупреди на „бранови опасни по живот“.

Цунами брановите би можеле да достигнат три метри над нормалното ниво во делови од Филипините и еден метар во Индонезија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот