ВИДЕО | Фер-плеј потег за паметење: Хрват му помогна на Словенец кој колабираше да ја заврши трката

Фото: Screenshot

На вчерашната трка на 5.000 метри на Европското екипно првенство во Полска на кое настапи и Македонија се случи еден потег за паметење.

Трката од која беше дел и македонскиот натпреварувач Дарио Ивановски се одржа во навистина пеколни услови точно на пладне и тоа донесе послаби времиња на сите натпреварувачи, вклучувајќи го и Ивановски кој заврши како 6-ти.

Меѓутоа најголемиот победник и апсолутен херој е Хрватот Дино Бошњак кој се истакна со фантастичен фер-плеј потег. Пред финишот на трката колабираше словенечкиот атлетичар Вид Ботолин и едвај се движеше, Бошњак го забележа, застана и заедно со него ја заврши трката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот