ВИДЕО: Еврогол на Димитар Митровски за Вараждин на мечот со Славен Белупо

фото: NK Varaždin/facebook

Вараждин и во својот втор натпревар од новата сезона во најсилната хрватска фудбалска лига ремизираше овојпат на домашен терен со Славен Белупо (2:2).

Во некомплетното второ коло моментно Вараждин е на четвртото место со два бода, а во следното коло на на 4 август ќе гостува кај Локомотива Загреб.

Македонскиот интернационалец Димитар Митровски со прекрасен погодок од слободен удар во петтата минута донесе водоство за Вараждин од 1:0, за негов прв гол сезонава.

Бродиќ се погрижи во 28 минута за зголемување на предноста на 2:0, резултатот со кој се замина на пауза.

Митровски настапи до 72 минута кога беше заменет од Бановец, а во финишот следуваа двата гола на гостите преку Хоџа (81`) и Миоќ од пенал во 87 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот