ВИДЕО: Еврогол на Далот за триумф на Манчестер јунајтед против Шефилд во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер јунајтед славеше на гостувањето против Шефилд јунајтед со 2:1, во натпреварот од деветтото коло на Премиер лигата.

Јунајтед повторно се мачеше, но благодарение на евроголот на Далот во финишот ги освои сите три бода на Шефилд.

Гостите поведоа во 28 минута, кога Мектомини погоди по додавањето на Фернандеш. Сепак, истиот играч шест минути подоцна направи кардинална грешка, кога играше со рака во својот шеснаесетник. Сигурен од пенал беше МекБурни за израмнување.

Фернандеш потоа ја погоди пречката во 44 минута, добра шанса пропушти и Амрабат на стартот од вториот дел и кога се чинеше дека Јунајтед повторно ќе разочара, на сцена стапи Далот.

Се играше 77 минута, по одличното додавање на Линделоф, тој упати удар од 20 метри, топката се одби од пречката и во голот на Шефилд, за победа на Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ се осми на табелата со 15 бодови, а Шефилд јунајтед е на последната, 20 позиција со еден бод.

ВИДЕО: Спектакл во Лондон, Челси испушти два гола предност против Арсенал на „Стемфорд Бриџ“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот