ВИДЕО: Ерупција на Етна, затворен главниот аеродром на Сицилија

Ерупција/ Фото: youtube/printscreen

Аеродромот Катанија на Сицилија мораше да ги сопре летовите денеска откако еруптираше вулканот Етна и ја покри пистата со вулкански пепел, соопштија од аеродромот.

Од утрово авионите не можат ни да полетуваат ни да слетуваат во Катанија.

Последниве недели Етна неколку пати еруптираше, но немаше многу информации за поголема штета или повредени.

И сега повремено паѓа пепел и пукаат прозорски стакла од ерупциите.

Етна е висока 3.300 метри, последниве денови исфрлаше лава и пепел, главно од нејзиниот југоисточен кратер, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија.

Институтот забележа и повремени ерупции на североисточната страна.

Денес вулканот исфрлаше пепел во висина од 10 километри, велат од Институтот.

Состојбата со Етна во живо можете да ја следите тука:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот