ВИДЕО | Елмас повторно доби 20-тина минути, Наполи славеше со Болоња

Наполи - Болоња/16 Октомври 2022/ фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Наполи вечерва во одличен натпревар славеше против Болоња со 3:2 во рамките од Серија А и така се врати на првата позиција на табелата.

Болоња прва стигна до водство на четири минути до крајот на полувремето, меѓутоа Жуан Жесус во последните моменти од првиот дел се погрижи за на пауза да се замине со 1:1. Веднаш на стартот на второто полувреме Наполи прави целосен пресврт и во 49. минута поведува со 2:1.

Тој гол не ја откажа Болоња, па Бароу успеа да изедначи на 2:2. Победничкиот гол на Наполи беше дел она Виктор Осимен во 69. минута. Треба да се спомене дека Наполи иако победи само со гол разлика доминираше преку целиот натпревар и многу лесно можеа да постигнат и пет-шест гола.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас како и најголем дел натпреварите оваа сезона влезе од клупата за резерви и ги одигра последните 20-тина минути од средбата. Наполи сега со осум победи и 26 бода е лидер во калчолигата, а потоа следува Аталанта со 24, Лацио и Удинзе имаат по 21.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот