ВИДЕО:  Ел Класико со „кралски“ шмек, Реал нов лидер во Ла Лига

Карим Бензема сезонава во „Ла Лига“ има досега девет голови од осум настапи/Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Во фантастичното Ел Класико, Реал Мадрид со 2:1 ја совлада Барселона и стана нов лидер на табелата во Ла Лига. Ова е едно од најдобрите Ел Класика во последно време, кое беше исполнето со шанси, голови, а на крајот не изостана и црвен картон.

Реал беше подобар тим во првото полувреме и таквата игра му донесе два гола. Прво во 13. минута, Карим Бензема постигна фантастичен гол со пета по додавањето од Лукас Васкез.
Во 28. минута „кралевите“ поведоа со 2:0 по слободниот удар на Тони Крос, а топката на патот кон голот ги погоди Дест и Алба и на крајот заврши во мрежата на Тер Штеген.

Реал можеше да постигне и трет гол, во ударот на Валверде го одбрани голманот на Барселона.
Но и каталонскиот тим имаше своите шанси во првиот дел кога Лионел Меси ја погоди стативата, а во втората минута од продолжението шутираше директно во голманот Куртоа.

Второто полувреме почна да врне дожд, но не го намали квалитетот на игра. Барселона тргна поагресивно и во 60. минута преку Мингуеза намалија на 2:1. Иако и двете екипи имаа свои шанси до крајот на средбата, мрежите мирува, но сепак возбудувањата не изостанаа. За тоа се погрижи Каземиро кој за две минути доби два жолти картони и беше исклучен, но Реал успеа да го зачува водството и да дојде до победата.

Со триумфот над најголемиот ривал, Реал Мадрид се искачи на првото место на табелата со 65 бода, исто колку што има и Атлетико Мадрид, додека Барселона сега е трета со еден бод заостаток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот