ВИДЕО: Експлозија и пожар во зграда во Марсеј, има жртви

фото: screenshot youtube, Пожар во зграда во Марсеј

Најмалку едно лице загина во експлозија и пожар во зграда во 6-тиот арондисман на Марсеј, соопшти денеска градоначалникот Беноа Пајан.

Тој изјавил дека четири лица биле евакуирани од објектот, додека девет жители на соседната зграда исто така морале да ги напуштат своите домови, пренесува Paris Mond. Едно лице е однесено во болница поради вдишување чад.

Според локалниот дневен весник Прованса, експлозијата се случила вчера нешто пред 20 часот. Пожарникарите брзо интервенирале и на лице место констатирале „голем пожар“, потврдил припадник на противпожарната единица.

Неколку слични случаи на експлозии се случија во централните области на Марсеј во последните месеци.

Во април, истекување на гас предизвика експлозија и уривање на две згради на улицата Тиволи, во 5-тиот арондисман, кога осум лица загинаа, а околу триста беа раселени. На 3 декември, зграда во 4-от арондисман делумно се урна по експлозија и пожар, при што беа повредени седум лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот