ВИДЕО: Две мајстории на Влаховиќ, Јувентус ја продолжи шампионската трка со Интер

Душан Влаховиќ/фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Јувентус ја оправдаа фаворитската улога во 20 коло од најсилното италијанско првенство против Сасуоло (3:0).

Српскиот интернационалец Душан Влаховиќ во 15 минута со еден прекрасен удар од околу 18 метри ја испрати топката во горниот лев агол на противничкиот голман.

Во 37 минута Влаховиќ постигна уште еден убав гол, откосо од 20 метри од слободен удар, само што овој пат топката ја испрати во поблискиот агол.

Конечниот епилог во победата на „Старата дама“ го постави резервниот играч Федерико Киеза со погодок во 89 минута.

Екипата на Јуве по овој триумф на табелата во Серија А има моментно 49 бодови на втората позиција, два помалку од водечкиот Интер. Сасуоло е на 14 место со 19 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот