ВИДЕО | Драматично спасување во Русија: Седумгодишно дете извлечено од канџите на педофил по 52 дена поминати кај него

Во драматична акција руски специјалци спасија седумгодишно дете кое беше грабнато од страна на педофил кон крајот на септември додека се враќало од училиште.

По 52 дена детето е вратено кај родителите, а снимките покажуваат дека осомничениот педофил добро се забарикадирал во куќа во селото Макариха, источно од Москва, со појачана метална врата.

Спасувачката операција ја координирал Интерпол, откако службеник на безбедносна агенција во САД забележал корисник од темната мрежа кој бил потенцијално врзан со киднапирањето.

Детето чие име не се наведува, физички не е повредено, а осомничениот е 26-годишен жител на селото Макариха, а „Дејли Мејл“ објави дека во прашање е Дмитриј Копилов и дека е обвинет за сексуално злоставување на детето.

На снимката која ја објави руското МВР, се слуша како осомничениот на полицијата ѝ вели дека детето е во подрумот од куќата и си игра на компјутер.

Киднаперот и неговата жртва, седумгодшното момче/ Фото: Screenshot

Спасеното дете е најмладо од четирите деца во куќата во Горки. Киднаперот пак живеел на 20 километри од нивната куќа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот