ВИДЕО: Драма во Турција, десетици рудари се заробени во рудник по голема експлозија

Фото: Demirören Haber Ajansı (DHA)

Над 100 рудари се заробени под земја по огромната експлозија во Турција. Пожарникарите и многу медицински екипи се на терен во градот Бартин, јави турската редакција на „Би-би-си“.

Засега официјално не се знае колку рудари се во јамите, а телевизијата „А Хабер“, која се повикува на локалните власти, информира дека на длабочина од 300 метри, имало 115 рудари.

Подземната експлозија се случила околу 18:15 часот по локално време.

14 рудари успеале да излезат од јамата, а турските медиуми јавуваат дека засега нема информации дека некој загинал во самата експлозија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот