ВИДЕО: Драма во Истанбул, Фенербахче во последната секунда го урна Реал Мадрид

Радоста на кошаркарите на Фенербахче по победата над Реал Мадрид/фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Кошаркарите на турскиот Фенербахче вечерва по едно продолжение на својот терен во Истанбул го победија Реал Мадрид со 100:99 (16:29, 21:15, 22:23, 28:20, 13:12), во натпреварот од 11 коло од Евролигата. За шпанскиот клуб ова е прв пораз во ова натпреварување.

Реал водеше речиси цел натпревар, во последната четвртина имаше и „плус 14 поени“ предност, а во последните шест секунди влезе со позитива од 99:96.

Играчот на Фенербахче Гудуриќ ги погоди двете слободни фрлања на крајот, а потоа му ја украде топката на играчот на Реал, Кампацо и му асистираше на Мадар, кој во последната секунда го постигна победничкиот кош за голема радост кај кошаркарите на Фенер и домашните навивачи.

Гудуриќ беше најефикасен во победничкиот тим со 21 поен, а во тимот на актуелниот европски шампион најефикасен беше Кампацо со 33 поени и седум асистенции.

Реал има 10 победи и еден пораз на првото место, а Фенербахче шест победи и пет порази на седмата позиција во генералниот пласман.

Во другите денешни мечеви: Монако – Олимпијакос 85:77 и Макаби Тел Авив – Алба Берлин 102:81.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот