ВИДЕО: Драма на „Олд Трафорд“, болен удар за Јунајтед во последните секунди!

Фото: EPA-EFE/Michael Regan/POOL

Во последниот натпревар денеска во Премиер лигата имаше најмногу погодоци, вкупно шест, односно ремизираа екипите на Манчестер јунајтед и Евертон (3:3). „Црвените ѓаволи“ беа многу блиску до победата, но во самиот финиш составот на Анчелоти успеа да да си замине со бод од ова тешко гостување.

Екипата на Солскјер водеше со 2:0 после првото полувреме со погодоците на Кавани (24`) и Фернандеш (45`). Португалскиот интернационалец Фернандеш сега има 13 лигашки голови оваа сезона, повеќе од било кој друг играч од средниот ред во Топ 5 европските лиги.

На стартот од вториот дел гостите за период од три минути израмнија со головите на Дукуре и Родригез. Дукуре сега има три гола против Јунајтед во Премиер лигата, против ниту една друга екипа од елитата нема повеќе погодоци, а досегашниот учинок на Родригез е пет погодоци и три асистенции сезонава.

Во 70 минута МекТоминеј го враќа домаќинот во водство, а конечниот епилог го постави Калверт-Левин во судиското надополнување (90+5`).

Моментно на табелата води Манчестер сити со 47 бодови, два повеќе од Манчестер јунајтед, со напомена дека „граѓаните“ имаат два меча помалку. Евертон после шестиот пораз е на шестата позиција со 37 бодови.

Во претходните средби од денешната програма во 23 коло: Фулам-Вест Хем 0:0, Њукасл-Саутемптон 3:2, Барнли-Брајтон 1:1 и Астон Вила-Арсенал 1:0.

ВИДЕО: Астон Вила и по вторпат сезонава го совлада Арсенал!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот