ВИДЕО: Астон Вила и по вторпат сезонава го совлада Арсенал!

Фото: EPA-EFE/Shaun Botterill/POOL

Денеска во првиот натпревар од саботната програма во Премиер лигата (23. коло), екипата на Астон Вила триумфираше на домашен терен со 1:0 против Арсенал..

Единствениот погодок домаќините го реализираа уште во втората минута од средбата на „Вила Парк“ благодарение на Воткинс после асистенцијата на Траоре.

И по вторпат сезонава Астон Вила успеа да слави против „топџиите“ кои повторно ги разочараа своите навивачи. Во првиот меѓусебен дуел на „Емирати“ стадионот во Лондон на 8 ноември 2020 година Астон Вила беше уште поубедлива со 0:3, тогаш еден гол на Сака, и два на Воткинс.

Така за првпат од сезоната 1992/93 (Воткинс сè уште не беше роден) „лавовите“ од Бирмингем забележаа две победи во една премиерлигашка сезона над Арсенал.

На табелата Астон Вила е на осмото место со 35 бодови, четири повеќе од лондонскиот клуб на 10 позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот