ВИДЕО | Домат во глава: Макрон повторно на удар на лути граѓани

Фото: Притнскрин/Твитер

Старо-новиот претседател на Франција, Емануел Макрон, повторно беше мета на незадоволни Французи. При посетата на Серги во Париз, граѓани од толпата фрлија домати кон Макрон.

Инцидентот се случи додека тој разговараше со граѓаните.

Како што може да се види на видеото, неколку парчиња домати полетале кон Макрон, поради што неговото обезбедување веднаш отворило заштитен чадор.

Францускиот претседател беше погоден со јајца во Лион минатата година, а тој по инцидентот изјави дека доколку некој има нешто да му каже, да го контактира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот