ВИДЕО | Димитрова: Трет роденден на Медуза, прв македонски портал за феминизам

Калиа Димитрова, „Медуза“ / Утрински брифинг
Калиа Димитрова, „Медуза“ / Утрински брифинг

Медуза е феминистичка платформа создадена за девојки, жени, родови и сексуални малцинства која засега е единствена на македонски јазик и постои веќе три години, ја одбележува својата годишнина со нова публикација „Безусловни почетници“, која е зборник на текстови, кои според нив претставува ретроспетива на 2021 година во оваа сфера.

„Може да се каже дека има извесен напредок во свесноста за феминистичката култура. На пример, јас кога бев во средно училиште, ниедно девојче не би се декларирало како феминистка а камоли пак машко. Сега гледаме некаков прогрес, некои феминистички прашања или каузи стануваат можеби дури и популарни кај младите, но сепак станува збор за една мала група на луѓе ако зборуваме за кај нас. Сепак, феминистичките политики не се навистина дел од нашите институции, образовните и сите други. И да гледаме прогрес во однос на легислатива и слично, но феминизмот е нешто што треба секојдневно да се живее дома, во училиштата, во сите јавни институции. Не можеме да кажеме дека имаме некој огромен прогрес во феминизмот ако има иницијатива за донесување на еден закон, а од друга страна повторно се соочуваме срамење на жртвите, во соседна Србија имавме случај со девојка која што се самоуби заради булинг. Родово базираното насилство е се’ уште насекаде, но ајде да имаме и една попозитивна нота, има раздвижување, има разни акции, има девојки што се’ повеќе пишуваат за Медуза и се прифаќа феминизмот,икао секогаш треба да се поставува прашањето за каков феминизам станува збор. Ние се занимаваме со едно поопстојно поле, се појавивме во дигиталното поле затоа што увидовме дека мизгениот говор, говорот на омраза, родово базираното насилство на самите социјални медиуми како и несензитивното извествување на самите медиуми кај нас е прешироко застапено и видовме дека нема пандан на тоа, којшто секојдневно би креирал содржини кои ќе бидат охрабрувачки, афирмативен простор за девојките, жените, и сексуалните малцинства во коиј би се препознале и охрабриле самите да пишуваат“, вели за Утрински брифинг Калиа Димитрова, главна уредничка на „Медуза“.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот