
ВИДЕО: Дебакл на Голден стејт – НБА шампионот на „минус 30“ во Лос Анџелес
Кошаркарите на Голден стејт доживеаја дебакл во третиот натпревар од полуфиналната плеј-оф серија на Западната конференција, откако во Лос Анџелес беа поразени од Лејкерс со резултат 127:97.
Препорачано
Актуелните НБА шампиони првата четвртина ја добија во своја корист со резултат 30:23, а потоа тимот од Сан Франциско почна целосно да се распаѓа.
Лејкерси тоа го искористија на најдобар можен начин и лесно стигнаа до убедлива победа и предност од 2:1 во серијата.
Ентони Дејвис беше најефикасен кај „езерџиите“ со 25 поени, три скока, четири блокади и три украдени топки, додека неговиот соиграч Леброн Џејмс мечот го заврши со 21 поен, запиша по осум скока и асистенции. На спротивната страна за Вориорси Стеф Кари постигна 23 поени, Ендрју Вигинс 16, а Клеј Томпсон 15 поени.
Серијата се игра на четири победи, а следниот меч ќе се игра на истото место ноќта помеѓу понеделник и вторник. Доколку играчите на Стив Кер не успеат да триумфираат, ќе се најдат во исклучително тешка ситуација.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
8час
-
8час
-
9час
-
10час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5