ВИДЕО | Даниел Поповиќ ќе го тужи Д Викенд: Ми ја украде песната, веќе ангажирав адвокати

Фото: Скриншот/Јутјуб/EPA

Пејачот Даниел Поповиќ вели дека ќе го тужи популарниот канадски артист Д Викенд за плагијат.

Имено, легендата на југословенската поп-сцена тврди мелодијата на песната „Save Your Tears“ многу потсетува на неговата песна „Znam da ti si ta“ од 1994 година. Поради таа причина, за првпат во неговата кариера, одлучил да тужи друг изведувач за плагијат.

„Ангажиравме адвокатска канцеларија, издавачка куќа која на некој начин ќе стане сопственик на оваа песна за да продолжиме со ова. Така што, тој договор веќе е во подготовка. Ќе се потпишеме и одиме во акција. Па, што биде – биде“, изјави тој за „ИН Магазин“.

Во продолжение, слушнете ги двете песни и самите проценете дали се слични.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот