ВИДЕО | „Да ја заштитиме демократијата“: Голем собир во Австрија против десничарскиот екстремизам

Австрија протест против десничарскиот екстремизам / Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Под мотото „Да ја заштитиме демократијата“, низ Австрија се одржаа собири и кампањи наречени „море од светлини“ против десничарскиот екстремизам.

Откако десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Виена на крајот на минатиот месец за да протестираат против десничарскиот екстремизам и расизам, луѓето ширум земјата вчера повторно го потврдија својот цврст став.

Демонстрантите собрани во австриската престолнина маршираа до зградата на парламентот, каде акцијата заврши.

Портпаролката на организацијата „Петоци за иднината“, која ја иницираше акцијата, Лајла Крихбаум, ги повика луѓето да се спротивстават на десничарскиот екстремизам и агитација во Австрија и да застанат во одбрана на демократијата.

„Во претстојната изборна година се соочуваме со „решавачка пресвртница“, нагласи Крихбаум.

Следниот голем митинг во Виена е закажан за 23 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот