ВИДЕО | Д-р Митов: Водењето здрав живот како клучен фактор и во превенцијата од деменција – картите ги држиме во раце, како ќе играме од нас зависи

Деменција е состојба која измачува многумина од повозрасната категорија на луѓе. Нормално е со текот на стареењето да опаѓа интелектуалниот капацитет, но деменцијата не е тоа.

Со поимот деменција се опишуваат збир од знаци/симптоми што се предизвикани од нарушувања што го засегаат мозокот. Тоа не е некоја точно одредена болест. Деменцијата влијае на размислувањето, однесувањето и способноста да се извршуваат секојдневните работи.

-Имаме толку предрасуди во нашето општество поврзани со зголемувањето на возраста, едно од нив е дека мора да се покачи крвниот притисок, а апсолутно не мора, втората е дека мора да дојде до одреден пад на когнитивните способности. Може да биде минимален, но немора да биде драматичен и ни од далеку тоа не е дел од природниот начин на стареење. Деменцијата е јасен ентитет кој што опфаќа повеќе медицнски термини во себе, но кристално јасно е дека не станува збор за природниот процес на стареење. Значи човек треба на длабока возраст бистар да си отиде, така сме дизајнирани, изјави во Утрински брифинг д-р Александар Митов.

Дефиницијата за деменција вели дека тоа е хронична и прогресивна состојба. Преведено од медицински речник тоа значи дека нема лек и дека постојано треба да се влошува. За жал, дефинитивно утврден третман во моментот и во светот и кај нас нема, а нема и терапија која со сигурност може да доведе до пролонгирање и забавување на тој процес. Тоа што од 2017 посебно ги возбуди научните е дека излегоа низа на научни студии каде што кристално се стави акцент на начинот на живот кај тие пациенти. Дури и во однос на тоа кога ќе се појави, но дури и откако ќе се појави се чини дека има и некакво влијание на самата болест, вели д-р Митов.

Генетиката е важна за нашето здравје. Ако играме карти и некој ви подели карти. Едната карта е генетиката, другата е едукацијата на родителите кое има големо влијание врз здравјето на следните генерации. Тука се економските услови, еколошките услови и тие се тие карти кои ние ги држиме од старт. Како ќе играме со нив, тоа е животниот стил, изјави д-р Митов и додава дека ако човек е свесен дека во себе ја држи картата за не баш пријатни генетски предодредености, тоа би требало да го направи малку повеќе свесен и проактивен во однос на животниот стил.

Целиот разговор со Д-р Митов погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот