ВИДЕО: Црвена звезда убедливо го совлада Фенербахче во Евролигата

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарите на Црвена звезда вечерва во Белград го победија турскиот Фенербахче со резултат 87:56 во натпреварот од осмото коло на Евролигата. „Црвено-белите“ го одиграа најдобриот натпревар сезонава и целосно го уништија тимот од Истанбул.

Српската екипа во „Штарк Арена“ го надигра тимот од Истанбул кој доживеа вистински дебакл.

Најефикасен во победничкиот состав беше Милош Теодосиќ со 18 поени, Џоел Боломбој додаде 14, Недовиќ 12, а Матеус 11 поени.

Кај поразениот тим единствен двоцифрен беше Најџел Хејс со 12 поени.

Евролига, осмо коло

Вторник, резултати –

Монако – Анадолу Ефес 82:89
Макаби Тел Авив – Олимпијакос 74:79
Валенсија – Реал Мадрид 73:76
Виртус Болоња – Олимпиа Милано 86:79
Црвена звезда – Фенербахче 87:56

Табела: Реал Мадрид 7-0, Барселона 6-1, Виртус Болоња 6-2, Монако 5-3, Фенербахче 5-3, Валенсија 5-3, Макаби Тел Авив 4-3, Олимпијакос 4-4, Анадолу Ефес 4-4, Панатинаикос 3-4…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот