ВИДЕО: Црногорски полицајци брутално нападнале албански државјанин на граница, се бара истрага и одговорност

Албански државјанин нападнат од црногорски полицајци на граница/Фото: Скриншот/Подгорички времеплов/Фејсбук

Заменик директорот во Секторот за гранична полиција на Црна Гора, Драган Кликовац е суспендиран од должноста, по тешкиот инцидент што се случи на границата меѓу Албанија и Црна Гора каде брутално е малтретиран албански државјанин.

Станува збор за физички напад врз претседателот на Комисијата за економија и финансии во Партијата на слободата, Петрак Мило, кој му служеше и како советник на екс албанскиот претседател Илир Мета.

Снимката од насилното видео е објавена на социјалните мрежи каде јасно се гледа како Мило бил извлечен од автомобилот, а потоа и брутално удрен.

По овој недоличен настан изреагира и градоначалникот на Улцињ, Омер Бајрактари за кој мерката е задоцнета зошто помина повеќе од еден месец од настанот.

Според Ора Њуз, сликите и видеата се објавени од црногорските медиуми каде се наведува дека Управата на полицијата утврдува што се случило на граничниот пункт Сукобин-Муриќан откако беше соопштено дека службениците на Граничната полиција на Црна Гора нападнале албански државјанин.

Бајрактари побара што поскоро да се осуди нечовечкото однесување на полициските службеници, пишувајќи дека очекува брза и адекватна реакција од надлежните органи:

-Бараме полицијата да спроведе итна и професионална истрага и да ги казни сите оние кои со несоодветно однесување го нарушуваат имиџот на државата. Дотолку повеќе што е странски државјанин и постар човек! За таквите едноставно нема место во државната служба!“, рече Бајрактари.

ВИДЕО: Црногорски полицајци малтретирале албански државјанин на граница, се бара истрага и одговорност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот