ВИДЕО | Чуден собир во Загреб: Стотици мажи се молеа да запре сексот пред бракот

Фото: Youtube/Pixcell/printscreen

Во строгиот центар на Загреб, на плоштадот „Бан Јелачиќ“, денеска се одржа необичен собир на група мажи, кои дојдоа, носејќи бројаници и големи слики на Богородица, клекнаа и почнаа да се молат да запрат предбрачните сексуални односи, јавуваат локалните медиуми.

Еден од водачите на молитвата бил Вице Џон Батарело, кој ја предводи ултраконзервативната организација Вигиларе, објавија медиумите. Станува збор за социолог и активист роден во Австралија, кој се обидува да ги обедини католичките фундаменталисти во земјата во едно големо здружение.

Во еден момент, собраните ја запеаја песната „Кралица на небото, кралица на Хрватите“. Верниџите се молеa за повеќе работи, меѓу кои: „Татковина, мир и преобраќање на хрватскиот народ, за мажите – да станат духовни авторитети во семејството кои храбро ќе сведочат и ќе ја пренесат католичката вера, за „престанок на предбрачните односи, за чистота во облекувањето и однесувањето и за обновување на католичките бракови“, како и за „крај на абортусите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот