ВИДЕО | Челси со убедлива победа против Миделсброу се пласираше во финалето на Лига Купот

Фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Tимот на Челси се пласираше во финалето на Карабао Купот (Лига Куп) откако вечерва славеше убедливо против Миделсброу со 6:1.

Миделсброу ги изненади „сините“ во првиот натпревар победувајќи ги со 1:0, но вечерва едноставно немаа никакви шанси. Челси уште по првото полувреме водеше со високи 4:0.

Предноста од првиот натпревар беше анулирана по само 15 минут игра кога Хоусон си постигна автогол за 1:0. Во 29-тата минута Фернандез зголеми на 2:0, а следен во листата на стрелци се запиша дефанзивецот Дисаси. Одличниот Палмер до крајот на првиот дел погоди за 4:0.

Во второто полувреме Палмер постигна и втор гол за „петарда“ во мрежата на Миделсбору, додека за 6:0 се погрижи Мадуеке на десетина минути пред крајот. Утешниот гол за Миделсброу беше дело на Роџерс пред крајот на средбата.

Противник на Челси во финалето ќе биде подобриот од натпреварот помеѓу Ливерпул и Фулам, „црвените“ имаат предност од 2:1 по првиот натпревар кој се играше на „Енфилд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот