проф. Иво Босилков / Утрински брифинг

ВИДЕО | Босилков: Политичките партии се обидуваат да се „шлепаат“ на независните, но граѓаните знаат да направат разлика

Задоволство ми е што се менува политичката сцена и разбирањето на политиката. Со независните листи тука тоа е доведено до ниво на феномен, вели за Утрински брифинг проф. Иво Босилков од Американскиот универзитет во Скопје, долгогодишен невладин активист.

Тој коментира дека неизбежно е политичките партии да се обидуваат да се „шлепаат“ на тој воз и тоа е индикатор за начинот на кој функционираат партиите.

Целта е да се победи и партиите сметаат дека вака е полесно да се анимира електоратот. Во услови кога има вистински независни кандидати потценување е дека граѓанството не може да се направи разлика кој е кој, а граѓанскиот центар се обидува да ги истакне тие разлики, вели Босилков.

Каратеристичен феномен на политиката денес е и т.н. таблоидизација со кандидирање на популарни личности од сферата на музиката, актери, инфлуенсери од Инстаграм и слично кои утре, ако бидат избрани, ќе треба да водат сериозни работи како општински буџети и слично. Токму од тие причини независните на локалните избори излегуваат со листи за советници а не и со кандидати за градоначалник оти сметаат дека советниците се побитни, а градоначалникот теоретски е фигура за јавност и некој кој координира, коментира Босилков.

Селебритизацијата е израз на его трип да се додаде нешто во CV, а не вистински да се помогне, да се поттикне електоратот да гласа за кандидат кој потоа ќе владее лошо, потенцира тој.

Појавата на независните е производ и на граѓански револт. Револтот на кој треба да сметаат независните е рационален револт на политички свесни луѓе кои гледаат дека има промени и можности да се учествува во нешто ново. Поентата на разликите во листите е да се остави идеологијата на страна и луѓето да се вклучат во работи што треба да се решат. Граѓаните тоа го препознаваат што покажува и анкетата на Брима, што ексклузивно ја објави „Слободен печат“. според која независните со 3,5% направија вистински продор, со рејтинг поголем од некои политички партии, вели Босилков во денешното гостување во Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот