ВИДЕО | Бомбаш самоубиец уби девет полицајци во Пакистан

Фото: EPA/EFE

Бомбаш самоубиец удрил со својот мотор во полициски камион во југозападен Пакистан, при што загинале девет полицајци, изјави портпаролот на полицијата.

Портпаролот Мехмуд Кан Нотизаи изјави за „Ројтерс“ дека нападот се случил во Сиби, град на околу 160 километри источно од Квета, главниот град на провинцијата Белуџистан. Од болницата соопштиле дека најмалку седум полицајци биле ранети во нападот, последен во серијата напади врз полицијата во Пакистан.

Ниту една група не презеде одговорност за нападот. Етничките герилци се борат против владата со децении и ја обвинуваат за експлоатација на ресурсите на покраината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот