ВИДЕО: Бомбардиран театар во Мариупол во кој имало повеќе од илјада цивили, тврдат Украинците

Бомбандиран театарот во Мариупол/ Фото: Твитер

Локалните власти од Мариупол денеска известија за воздушен напад врз театар во градот во кој се криеле стотици цивили.

„Авионот фрли бомба врз зграда во која беа сместени стотици цивили во Мариупол“, соопштија градските власти, додавајќи дека руските сили „намерно и цинично го уништиле драмскиот театар во срцето на Мариупол“, и дека во моментов се пребројуваат жртвите.

Заменик-градоначалникот на Мариупол, Сергеј Орлов за Би-би-си изјави дека во театарот имало дури 1.000-1.200 луѓе.

Руското Министерство за одбрана ги отфрли обвинувањата дека цел на напад била зградата на театарот во која биле сместени стотици цивили, пренесува РИА Новости.

Мариупол е опколен од руските сили, а се проценува дека околу 300.000 луѓе се без вода за пиење, струја и гас. Храната и медицинските резерви се при крај, а Русија не дозволува испорака на хуманитарна помош. Од почетокот на војната, градот е под постојано руско гранатирање. Петмина луѓе беа убиени во напад на болница минатата недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот