ВИДЕО | Блесна новото лого над седиштето на Твитер во Сан Франциско, соседите бесни на Маск
На зградата на „Твитер“ во Сан Франциско, од каде што милијардерот Илон Маск планира да ја води новобрендираната компанија, се појави огромен „Икс“, односно новото лого на фирмата. Луѓето кои живеат во близина се пожалија на американските медиуми дека се загрижени поради интензивното светло на зградата.
Во петокот, компанијата го постави логото на покривот на седиштето на Маркет Стрит. Соседите се пожалија до Одделот за градежна инспекција во Сан Франциско, кој соопшти дека ќе спроведе истрага.
Imagine no more. This is my life now. https://t.co/k5QfAm8yuG pic.twitter.com/e7ECCM2NUD
— Christopher J. Beale (@realchrisjbeale) July 29, 2023
За време на викендот, соседите снимија видео од големиот „Икс“ како постојано свети и трепка. Патриша Валинга, која живее наспроти, изјави за Си-Би-Ес дека тоа е опасно и го опиша како „шоу на кловн“. Адвокатот Џорџ Волф вели дека жителите имаат право да го кажат своето мислење во врска со осветленото лого, па дури и да одбијат да го имаат во нивната населба.
I would be fucking LIVID. Imagine this fucking X sign right across from your bedroom. #x #twitter pic.twitter.com/FH4nqcS8oy
— kyle (still hates elon) (@itsmefrenchy123) July 29, 2023
Еден корисник на Твитер објави снимка од логото како зрачи директно во неговиот ста. „Запрепастена сум од флагрантната необѕирност кон никого“, коментира друг корисник.
Градежните инспектори од Сан Франциско рекоа дека тоа можеби е во спротивност со правилата. Еден од нив напишал во извештајот дека претставниците на компанијата двапати не дозволувале пристап до покривот на службениците кои сакале да го прегледаат логото.