ВИДЕО | Барселона го понижи Атлетико во Мадрид

Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Барселона вечерва славеше во дербито во Ла Лига против Атлетико со 0:3 и така по подолго време се врати на втората позиција.

Влезе Барселона во натпреварот драстично ослабена бидејќи отсуствуваа дури петмина првотимици, но и во таква ситуација каталонскиот гигант издоминира на „Ванда Метрополитано“.

Се до завршницата од првото полувреме не видовме некој посериозна прилика, но тогаш фудбалерот кој е позајмен од Атлетико Мадрид, Жоао Феликс ја погоди мрежата на „јорганџиите“.

Само што почна второто полувреме во 47. минута Роберт Левандовски зголеми на 2:0, а победата ја потврди Фермин Лопез со голот кон средината на вториот дел. Треба да се истакне дека Левандовски одигра одличен натпревар и освен голот запиша и две асистенции.

На табелата Барселона сега има 64 бода, осум помалку од Реал Мадрид на девет кола пред крајот. Атлетико со поразот испадна од првата четворка и сега е петти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот