ВИДЕО: Австралиски полицајци пакуваат голема змија во кесичка за сендвич

Фото: 9 News / принтскрин

Вознемирени туристи викендов ја повикале полицијата, откако забележале голема змија близу плажата на Златниот Брег во австралиската држава Квинсленд.

Полицајците дошле многу брзо и ја лоцирале змијата, а снимката од нивната „интервенција“ привлече многу внимание на социјалните мрежи.

На видеото се гледа како двајцата полицајци се обидуваат да ја стават, поточно да ја натераат да влезе во мала кесичка од ланецот за брза храна „Hungry Jack’s“. По долготрајните, неуспешни обиди на полицајците да ја сместат змијата во кесичкаат, некој од присутните коментира: „Им треба поголема кеса“.

Иако полицијата во многу делови од Австралија често мора да се справува со вакви ситуации, медиумите пишуваат дека змијата била отровна, а конкретниот полицаец не бил обучен за соодветно да постапува со опасни змии, што може и да се види на снимката. Експертите велат дека е вистинска среќа што влекачот не го каснал органот на редот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот