ВИДЕО | Арсовски: Владата решава наследен проблем – Пауновски не го почитува етичкиот кодекс, зијан ќе бидат и директорот и Владата

Интерпелацијата како механизам е малку комплициран, бидејќи зависи од мнозинството во Собранието. Кога ќе поднесе некоја партија интерпелација кај неа паѓа товарот на докажување. Во ситуација кога нема 61 пратеник тешко дека би имала поддршка, односно кога би собрала 61 пратеник нема потреба за индивидуални интепелации, би можела да ја смени целата влада. Целиот тој систем околу интепелации повеќе е политички маркетинг, но секако е платформа каде опозицијата на едно место може да ги начне сите забелешки, изјави во Утрински брифинг политичкиот аналитичар, Петар Арсовски.

-ВМРО-ДПМНЕ зборуваше и најавуваше дека има собрано ново парламентарно мнозинство и тогашниот потег на Заев (барањето доверба во парламентот) беше да се покаже дека тој сепак го има мнозинството во Собранието и по таква интерпелација во наредните 90 дена се нема можност за нова интерпелација од страна на опозицијата. Мислам дека тие два фактора беа пресудни за да се обезбеди период во кој ќе се стабилизира политичката и здравствената состојба, додава Арсовски.

Говорејќи за препирките помеѓу Владата и директорот на ДПИ, Арсовски смета дека сега Владата нема избор освен да го разреши директорот, бидејќи има непочитување на етичкиот кодекс, без разлика од која причина е настаната. Тој не комуницира со премиерот и самото тоа е доволно за разрешуање. Ќе биде зијан и директорот и Владата. Тоа што не е доволно јасно во јавноста е дека со тоа Владата решава проблем што не го создала таа. Тоа се 1.350 рамковни вработени од претходната Влада кои сега Владата се обидува да им најде место, вели Арсовски. Во ДПИ не се нудат инспектори, туку се понудени за помошен персонал и во таа смисла не се коси со никаков закон, но секако е непријатно кога гледате неусогласеност помеѓу владините претставници, смета Арсовски.

Локалните избори ќе дојдат во состојба на се уште неразрешена епидемиолошка и политичка состојба. Мислам дека ќе бидат со релативно низок одзив и ќе зависат од локалнат апоставеност на градоначалниците. Тоа што се случува во сегашниот период е една дилема која постои вечно – што е поважно, јавниот или деловниот интерес и тука паметно решение нема ниту една држава во светот, вели Арсовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот