ВИДЕО | Арсовски: Кој ургираше да се пушти запленетиот камион преполн со шверцувана роба?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ги обвини власта, СДСМ и семејството Заеви дека се занимаваат со шверцување на роба. 

„Додека граѓаните се оставени сами на себе да се борат со оваа пандемија и се преокупирани и исплашени за своите животи, бидејќи секојдневно веќе е двоцифрен бројот на починати, СДСМ, власта и семејството Заеви се занимаваат со шверцување на роба.

Се уште јавноста не доби одговори за шверцот на брендирана роба од страна на блиски луѓе до семејството Заеви, и за тоа кој интервенирал и ургирал да се пушти запленетиот камионот во населбата Шуто Оризари кој бил преполн со шверцувана и нецаринета роба.

Според нашите информации, камионот кога бил сопрен кој превезувал роба за блискиот соработник на Вице Заев, Крмзов, инаку „Винекс текстил“ немал документи за царина на дел од робата која што ја превезувал.

Возачот немал исправни документи за брендираната роба и авто деловите, а лажел дека имал комплетна документација кога бил сопрен од надлежните лица од полицијата.

Според нашите информации исто така половина од раководство на МВР ѕвонело кај началниците на полициската станица Шуто Оризари и Чаир, да се интервенира камионот да биде пуштен без никаков прекршок. Додека пак сите знаеме дека за ваква работа се запленува целиот камион, робата и се оди во затвор.

Исто така, според нашите информации иако бил известен и повикан инспектор од секторот за економски криминал, тој истиот не отишол на увид во полициската станица кај што бил паркиран запленетиот камион, бидејќи му било наредено од раководни лица од министерството негови претпоставени да не излегува на увид и да го заташка целиот случај. Затоа истиот не излегол на увид.

Почитувани, oва е класичен пример за заташкување на шверц, за кој постои сомнеж дека е вмешано семејството Заеви.

Дали секторот за внатрешна контрола ќе отвори случај за тоа кој интервенирал да се ослободи запленетиот камион, да не отиде на увид инспекторот на економскиот криминал што е против сите закони на делување во оваа држава?

Дали Јавното обвинителство ќе се одважи да отвори случај за шверцување на брендирана роба за која што веруваме дека не е изолирана и дека не е единствен туку е добро разработена шема изминативе три години каде што сомнежите постојат дека директно потекнува од семејството на Зоран Заев?

Дали конечно една институција во држвава ќе проработи како што треба односно по она што го пишува во законите?

Очигледно е дека со Република Македонија владее мафија на власт.

Додека луѓе ни умираат секојдневно, мафијата единствено шверцува и ги полни своите џебови со пари како никогаш до сега.“, соопшти Арсовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот