ВИДЕО | Антички храм во Индија урнат поради обилните дождови

Индија поплави / Фото EPA-EFE/HARISH TYAGI

Девет лица загинаа, а десетици останаа заробени откако древниот хинду храм Ањани Махадев Мандир се урна поради обилните дождови во северната индиска држава Химачал Прадеш, пишува Би-Би-Си.

Спасувачките операции се во тек откако свлечиште погоди храм во популарниот туристички град Шимла. Во Химачал Прадеш изминативе неколку дена врне силен дожд, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето.

Дваесет и едно лице загина во последните 24 часа во несреќи поврзани со дождовите. Државниот министер Сухвиндер Синг Суху изјави на местото на одронот дека околу 20 до 25 луѓе би можеле да бидат заробени под урнатините.

Видеата споделени на социјалните мрежи во изминатите неколку дена покажуваат дека реката носи куќи и возила, како и дрвја на врвот на автомобилите.

Неколку часа пред да се урне храмот, седум лица загинаа во невреме во областа Солан. Министерот Суху апелираше до луѓето во државата да останат дома поради дождот, јавува Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот