ВИДЕО АНКЕТА: Колку се следат културните настани во Македонија?

Фото: Слободен печат

Има голема разлика меѓу неследење и неодење на културните настани. Некои следат, но не одат, други пак, можеби немаат можности да одат?! Некои имаат можности, но, едноставно, немаат време и интерес.

Дали се изгубија кулурните вредности во нашата држава?

Квалитетот на живеење на граѓаните и општествените проблеми, сигурно влијаат на динамиката на културниот живот. Пандемијата и инфлацијата оставија белег во културниот живот во Македонија. Младите граѓани тапкаат во место. Но, сепак тоа не е изговор за неследењето и малиот интерес на културните настани кои ги нудат градовите.

Одговорите што ги добивме од оваа анкета имаат крајно различни страни. Некои од младите граѓани не ја криват економската криза за неодењето на културни настани, туку самото немање интерес, а и државата која не организира доволно културни настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот