ВИДЕО | Андоновиќ: Москва и Западот воздржани, опозицијата и војската во обид за уривање на ерменскиот премиер

Фото: Hayk Baghdasaryan / TASS / Profimedia

Ерменскиот премиер Никола Пашинијан ги повика припадниците на ерменската армија да ја работат својата работа и да ја бранат државата, осудувајќи ги обидите на генералштабот на војската за обид за изведување пуч и насилно уривање на неговата влада. Пашинијан вчера на централниот плоштад во Ереван пред околу 20 илјади приврзаници изјави дека нема да дозволи армијата да ја преземе контролата врз државата. Пашинијан со силно обезбедување го предводеше маршот низ улиците на градот демонстрирајки ја довербата која тој како премиер ја ужива меѓу Ерменците.

Неколку часови претходно и еременската опозиција протестираше барајки оставка од Пашинијан. Протестите беа проследени и со подршката на генералштабот на ерменската армија која идентично како и опозицијата бара оставка од владата. Причина е неодамнешниот воен пораз кој Ерменија го доживеа од Азербејџан во областа Нагорно -Карабах каде по 35 годишна контрола во воен пораз Еременците мораа да се повлечат од територијата и да ја отстапат на Азербејџан. Во 35-дневните судири загинаа неколку илјади ерменски војници за што беше обвинет премиерот Пашинијан.

Од друга страна самиот Пашинијан ја обвини опозицијата и армијата дека за време на конфликтот не ја употребиле целата воена сила со која располагале и дека имало лошо водење на воените операции што довело до целосен трагичен и срамен пораз на Ерменија во конфликтот. Пашинијан го смени началникот на генералштабот на ерменската армија, поради што одредени високи воени офицери се заканија со воен удар во земјата.

Во меѓувреме во веќе познато сценарио, видено во Украина и во некои други држави, опозицијата отвори шатори пред владата, правејќи така континуирани притисоци врз кабинетот на Пашинијан за поднесување оставка. Москва засега е воздржана околу драматичниот развој на состојбите во Ерменија, пост- советска република каде Русија има свои воени бази и претставува гарант на мирот во регионот. Русија е заштитник на православна Ерменија а двете земји се членки на „Организацијата на договорот за колективна безбедност”, воен сојуз инициран од Кремљ. Ерменија без Москва не е во состојба сама да се одбрани, поради што Русија има стационирано илјадници свои војници во базите на нејзина територија. Особен геостратешки интерес на Москва е да го задржи своето влијание во регионот на Кавказот каде покрај Ерменија се и Грузија и Азербеџан.

Муслиманскиот Азербејџан и Русија имаат блиски односи пред се околу производство и извозот на нафта и гас. Во поледната војна Москва ги „пушти низ вода“ Ерменците ,, кои не добија подршка, за разлика од Азебејџан, кој уживаше огромна воена помош од страна на своите браќа во Труција.

Со поразот околу Нагорно Карабах, Путин го зацврсти нафтениот бизнис однос со Азербејџан, но и партнерството со Турција и турскиот претстедател Ердоган. Од друга страна Москва го казни ерменскиот премиер Пашинијан, кој многупати досега се обидуваше да и сврти грб на Москва да кокетира со Западот. Путин воопшто не го почитува ерменскиот претседател пред се поради начинот на кој тој пред две години – преку улични протести насилно го урна својот претходник кој важеше за проруски ориентиран политичар поставен директно од Кремљ. Москва и Путин не го сметаат Пашинијан како доволно проруски настроен, многу помалку од неговиот претходник, за што постои сомневање дека сака Ерменија да ја сврти кон западот. Антируските ставови по многу политички прашања се можеби и клучната причина зошто Путин го остави на цедило актуелниот ерменски премиер. Еремнија мора да остане под руско влијание и воедно да биде главен пример за евентуалните настојувања на останатите држави од Кавказот, пред се Грузија која има НАТО аспирации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот