ВИДЕО: Американците се разбудија по двата порази и ја растурија Аргентина

принтскрин/јутјуб

Кошаркарската репрезентација на САД ја оствари првата победа на подготовките пред настапот на Олимписките игри во Токио, дрим тимот со 108:80 ја совлада Аргентина.
Ова беше прв триумф на репрезентацијата на САД по серијата од три порази на средби во кои настапија кошаркари од НБА лигата. Таа серија ја сочинуваа поразот во натпреварот за петтото место на СП во Кина и двата порази од Нигерија и Австралија во подготовките.

Дрим тимот одлично го започна натпреварот, погоди шест тројки во првата четвртина и направи двоцифрена предност која не ја испушти до крајот на наптреварот.
За репрезентацијата на САД играа само осум од 12 кошаркари кои ќе настапат на Игрите во Токио, Џејсон Тејтум го преседе дуелот со Аргентина поради болки во коленото, додека Џру Холидеј, Крис Мидлтон и Девин Букер играат во големото НБА финале и подоцна ќе му се приклучат на националниот тим.
Најефикасни во тимот на САД беа Кевин Дурент и Бредли Бил со 17 поени, Зек Лавин даде 15, а Демиен Лилард даде 13 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот