ВИДЕО | Александра Пријовиќ запеа на сцената во Осиек со мајка си: Ова е мојата омилена гостинка

Фото: Принтскрин / Инстаграм / ТикТок

Александра Пријовиќ вчера го одржа третиот последователен концерт во Осиек. На српската пејачка како и за секој концерт на сцената ѝ се придружуваат колеги од естрадата. Овој пат, по Рада Манојловиќ, младата ѕвезда Пријовиќ за првпат на сцената како големо изненадување на публиката ја повика нејзината мајка Борка Михајловиќ.

Борка Михајловиќ, пејачка на севдах, со својата ќерка го отпеа хитот „Ти ме не волиш“, а потоа пееше сама. Борка ја изведе песната „Змај“, која нормално ја изведува Индира Радиќ.

„Знаете дека имав голема чест да дојдат голем број мои колеги, да ми бидат гости, да ми бидат поддршка и неизмерно сум им благодарна на сите. Вечерва е тука и вечерва на сцената ќе се појави мојата најдрага гостинка, мајка ми Борка. Ве молам дајте и го најголемиот аплауз“, извика Пријовиќ.

Откако излезе и ја бакна ќерка си, Борка им се обрати на присутните.

„Добровечер Осиек, ви благодарам што вечерва дојдовте во толку голем број да ја поддржите мојата единица, мојата Александра“, рече Борка.

Откако маестрално го изведоа познатиот хит во дует, Пријовиќ повторно ѝ се обрати на публиката.

„Ова е посебна ноќ за мене. Таа е секогаш таму и некако долго размислував во кој град да пее. Знам дека таа пееше во овој град со години кога бев мала и многу сум среќна и горда што вечерва стоиме заедно на оваа сцена. Мамо, ти благодарам за сè, знаеш дека те сакам најмногу на светот“, рекла Александра додека ја гушкала мајка си.

@alo_portal Aleksandra najavila svoju majku kao specijalnu gošću na svom koncertu 🥰 #alo #alodnevnenovine #aleksandraprijovic #prija #koncert #osijek #osijek🇭🇷 #fypシ #fypシ゚viral ♬ original sound – Alo_portal

Целиот регион лудува по Александра Пријовиќ: За неколку месеци ќе наполни повеќе од 20 арени

„Како мајка можам само едно да кажам…“: Александра Пријовиќ со солзи во очите ѝ упати силна порака на Северина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот