ВИДЕО | Александар Тодоров: Имам чувство дека короната е селектор, а јас сум само водач на пат

Не одигравме два меча во Талин (Естонија), но затоа пак ќе мора да одиграме дури четири во пет дена во рускиот Перм. ФИБА направи промени во календарот на натпреварите во „Б“ групата од квалификациите за Евробаскетот 2022.
-Единствено што е сигурно во моментов е дека ништо не е сигурно. Но ФИБА настојува да ги затвори овие прозорци што е можно побрзо. Колку играчи ќе имаме ние, се зависи од ковид-19, изјави во Утрински брифинг селекторот на машката кошаркарска репрезентација Александар Тодоров. -Принципот на ФИБА е дека треба да се определи една група која ќе патува на овие прозорци. И тие играчи што ќе отпатуваат се тие што може да играат. Не може да се уфрлат нови играчи. Така што ако се случат некои позитивни резултати на ковид-19, невозможно е да се донесат нови играчи, вели Тодоров.
-Во Талин требаше да сме експедиција од 23 луѓе, но во последен момент се појавија и позитивни резултати. Тоа ја отежнува работата и имам некое чувство дека короната е селектор, а јас сум само водач на патот, рече Тодоров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот