Вицепремиерот Николовски за проектот со „Бехтел и Енка“: Ова не е договор, туку подготовка на терен за преговори

Со Законот за утврдување јавен интерес и номинирање на стратешки партнер, не се склучува договор со компанијата „Бехтел и Енка“, туку ќе се задолжи Владата да започне преговори со компанијата и да се изнајде најдобриот модел (технички и финансиски) за изградба на делниците од Коридорите 8 и 10, објаснуваат за „Слободен печат“ од Кабинетот на Љупчо Николовски, вицепремиер задолжен за борба против корупцијата.

Сепак, од Кабинетот на Николовски, не одговорија зошто Владата ја игнорира препораката на Антикорупциската комисија, која е децидна дека Собранието не треба да ја продолжи постапката и дека овој закон е со висок ризик за корупција. Не добивме одговори и дали Владата е загрижена дека граѓанските здруженија жестоко се противат на ваквите спогодби и дека е можно законот за оди на Уставен суд?

Антикорупциска: Ќе се бориме против зделката во четири очи, Уставен суд и Пендаровски да помогнат!

– Во наредниот период во изработката на Договорот ќе се вклучат сите релевантни институции заедно со консултанти кои ќе работат на утврдување на конкретни цени и под кои услови би се граделе овие автопатски делници. Овој модел (проектирање и изградба) е нов концепт кој сметаме дека ќе даде поефикасни и побрзи резултати во изградба на Пан Европските коридори. Стариот модел на тендерирање одзема премногу време низ целиот процес, од проектирање до изградба. Граѓаните и државата не треба да чекаат – велат од Кабинетот на Николовски. Оттаму додаваат и дека досегашната пракса покажува дека има голема неусогласеност во изградбата на крупните капитални проекти, што доведува до пролонгирање на роковите за изградба и зголемување на цената на чинење на проектот.

-За да не се случува тоа, овој модел (проектирање и изградба) сметаме дека ќе даде брзи и ефикасни резултати за да останеме конкурентни во Регионот – велат од Владата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот