Ветеринарите препорачуваат домашните мачки да не се пуштаат надвор

мачка

Британските ветеринари препорачуваат домашните мачки да не се пуштаат надвор, како превентивна мерка против ширењето на новиот коронавирус, јави Би-Би-Си.

Сепак, сопствениците на мачки „не мора да се грижат”, додаваат од Британската ветеринарна асоцијација.

– Нема случај на домашно милениче, куче или мачка, да го заразило својот сопственик со Ковид-19, рече д-р Анжел Алмендрос, од Градскиот универзитет во Хонг Конг.

Мачките е добро да не излегуваат надвор, затоа што новиот коронавирус може да им остане во крзното, како и на која било друга површина, доколку тие биле во контакт со заразено лице. Затоа, забраната за излегување треба да се однесува и на домашните миленичиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот