Вештачката интелигенција ќе го смени начинот на кој патуваме

Туристи / турист / патување
Фото: Pexels/Oleksandr Pidvalnyi

Чатботи, роботи и други напредни технологии ја менуваат туристичката индустрија, пишува „Дојче Веле“.

Доколку го прашате „ChatGPT“ да предложи неколку локации во Мајорка кои сè уште се непознати за пошироката маса, ќе ви ги предложи најпосетуваните и познати места кои ќе ги најдете во сите туристички водичи.

„Доколку барате автентични предлози, поголемо значење имаат личните афинитети и искуства кои не може да се поврзат со вештачката интелигенција. Ако ви требаат специфични и лични препораки, мој совет е да се консултирате со локален водич“, одговара „ChatGPT“.

Чат гпт/Фото: Jakub Porzycki/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

„Во блиска иднина може да очекуваме специфични чатботи кои ќе не водат низ градовите. Апликации со вештачка интелигенција веќе редовно се користат во некои од сферите на туризмот”, вели Волфрам Хопкен, професор за бизнис информатика на Равенсбург-Вајнгартен универзитетот од Германија.

Вештачката интелигенција е веќе распространета и многу компании ја користат за да ја оптимизираат својата работа. Авиокомпаниите користат вештачка интелигенција да предвидат колку патници би ги откажале своите летови. Во Венеција пак, вештачката интелигенција се користи за регулирање на метежот во центарот на градот. Туристичките агенции користат системи подржани од вештачката интелигенција каде патниците се обраќаат на онлајн чатботи за нивните аранжмани, хотелски резервации. Поради ова, полека роботите ја преземаат работата на луѓето кои работат во хотели и ресторани.

„Но, роботите кои ги собираат валканите чинии во рестораните и ги носат до кујните не се софистицирани и не можат автоматски да се насочуваат низ просторот. Меѓу другото, многу гости не се навикнати да имаат автоматизирана интеракција. Затоа ваквите апликации со вештачка интелигенција ќе се користат само во неколку сфери од туризмот и угостителството.“ вели Хопкен.

Хопкен е убеден дека технологиите како „ChatGPT“ ќе се распространат за потребите на туризмот, но советува слепо да не им се верува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот