Верижен судир на пет возила во Битола

Доцна попладнето на улицата „Партизанска” во Битола се случи сообраќајна незгода, верижен судир на пет возила.

Во сообраќајката оштетени се три возила марка „форд мондео”, „мерцедес” и комбе возило марка „фиат”, како и урбана и комунална опрема поставена на улицата „Партизанска” во Битола.

СВР-Битола времено го запре сообраќајот на улицата, едно лице со повреда е пренесено во Клиничка болница, а полициски експерти ги утврдуваат причините и последиците од верижниот судир на 5 автомобили кој доцна попладнево се случи во Битола.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот