Велика Британија размислува за распоредување сили во НАТО поради украинската криза

Војници/ Фото EPA-EFE/TOMASZ WASZCZUK POLAND OUT

Велика Британија разгледува опции за распоредување значајни сили во НАТО како дел од планот за зајакнување на границите на Европа како одговор на трупањето руски војници на границата со Украина, соопшти синоќа британската влада. Велика Британија вели дека секое влегување на Русија во Украина ќе биде проследено со брзи санкции.

Џонсон го разгледува најголемиот можен предлог до членките на НАТО во скандинавските и балтичките земји, кој ќе ги удвои британските сили и ќе испрати одбранбено оружје во Естонија, соопшти кабинетот на британскиот премиер.

„Овој пакет ќе испрати јасна порака до Кремљ – нема да ја толерираме нивната дестабилизирачка активност и секогаш ќе стоиме на страната на нашите сојузници во НАТО наспроти руското непријателство”, наведува Џонсон во изјавата.

„Им наредив на нашите вооружени сили да се подготват за распоредување во Европа следната недела за да се осигураме дека можеме да ги поддржиме нашите сојузници во НАТО”.

Официјалните лица ќе ги разјаснат деталите за британскиот предлог следната недела во Брисел, каде министрите членки ќе разговараат за воени опции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот