Рек Битола
Рек Битола/ Фото АД Електрани на Северна Македонија

Вчера „опасно“ потфрлило ангажирањето на македонските термоелектрани

Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) вчера ангажирала само 22% од целиот инсталиран капацитет на македонските термоелектрани (РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј), пишува порталот „Фактор“, додавајќи дека е „допрено дното“ во искористувањето на овој капацитет.

ЕСМ (поранешни ЕЛЕМ) вчера, според официјално издаденото соопштение, произвеле само 4.280 мегават-часови струја од своите термоелектрани РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“. ЕСМ има над 800 мегавати инсталиран капацитет за производство на струја во неговите термоцентрали (три блока во РЕК Битола со инсталиран капацитет од по 229 мегавати и ТЕЦ Осломеј со инсталиран капацитет од 110 мегавати). Доколку сите овие производни постројки дадат максимум (што е можно само теоретски) на преносната мрежа би требало да предадат барем 800 мегавати (на праг на електрана н.з.) за еден час. ЕСМ вчера просечно произвела само 178,3 мегавати, што е помалку од 80% од инсталираниот капацитет на само еден блок во РЕК Битола и претставува само 22% од целиот инсталиран капацитет на сите четири термо-блокови (еден во ТЕЦ „Осломеј“ и три во РЕК „Битола“), пишува „Фактор“.

Во исто време, бројките кои ги објави ЕСМ покажуваат дека компанијата увезла една третина од вкупното количество струја потребно во земјава во вчерашниот ден.

Фото: Влада на РСМ

Според порталот, ова се загрижувачки, па дури и вознемирувачки податоци за сите планери на електроенергетскиот систем, кои треба да потегнат прашања за „ремонт“ во врвот на ЕСМ и на претставниците на Владата задолжени за енергетски прашања, осбено затоа што зимата не е ниту почната, а ЕСМ не може да испорача ниту 50 отсто од инсталираната снага на четирите генератори на термоелектраните.

Официјалното соопштение за производството на компанијата под водство на Васко Ковачевски може да го превземете на следниот линк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот