Вархеји: Успеавме да го вратиме проширувањето на вистинскиот пат, што доведе до отворање на пристапни преговори со С. Македонија (ВИДЕО)

И покрај кризата со коронавирусот, успеавме да го вратиме проширувањето на вистинскиот пат со нашата ревидирана методологија, што доведе до отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, истакнува еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во видео пораката по повод Денот на Европа.

– Самитот оваа недела ја потврди европската перспектива на регионот, како и засилениот ангажман на ЕУ. Би сакал да им честитам на сите наши партнери во Северна Македонија за овие достигнувања и ви посакувам среќен Ден на Европа, порачува Вархеји.

Денот на Европа, псосочува еврокомесарот, годинава го славиме во вонредни времиња на глобална пандемија на коронавирус.

– Во оваа невидена криза ЕУ регаираше брзо за да го заштити животот на луѓето, да ги зајакне здравствените системи и да ги ублажи социо-економските влијанија. Дејствуваме и на глобално ниво: од поддршка на напорите за брзо развивање на вакцина, до активности за солидарност со нашите партнери, почнувајчи од Западен Балкан. Како ЕУ обезбедивме финансиска поддршка и ги вклучивме партнерите од регионот во иницијативите на земјите членки, вели еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во видео пораката по повод Денот на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот