Вархеји остварил телефонски разговор со Заев и Мицкоски, засега ниту еден од лидерите не ја потврди оваа информација

Оливер Вархеји / Фото: Архива

Еврокомесарот за проширување и соседна политика на Европската Унија Оливер Вархеји, синоќа на Твитер објави дека разговарал за претстојните парламентарни избори со претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

– Вечерва разговарав со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за да ја нагласиме важноста за слободни, фер и инклузивни избори во Северна Македонија, земајќи ја предвид ситуацијата со Ковид-19, како и потребата од ефикасни мерки за економско закрепнување, напиша Вархеји.

Владини претставници претходно нагласија дека не се размислува за продолжување на вонредната состојба која завршува во сабота, а дека потоа треба да продолжат активностите за изборите на 5 јули.

Задолжено е и Министерството за здравство, согласно протоколите од Комисијата за заразни болести, да обезбеди заштитни маски, ракавици и друга потребна заштитна опрема за сите членови на изборните органи и средства за дезинфекција за секое избирачко место. Сепак, засега се уште нема никаква информација од Заев и Мицкоски за разговорот со Вархеји.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот