Вархеји: ЕK препорача на 1 јули да се укинат ограничувањата за патувања за државјаните на Црна Гора, Северна Македонија и Србија

Оливер Вархеји / Фото: Архива

Европската Унија планира да ги отвори своите граници за македонските државјани на 1 јули, објави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Твитер.

„Европската комисија препорача на 1 јули да се укинат ограничувањата за патувања за државјаните на Црна Гора, Северна Македонија и Србија, имајќи предвид дека епидемиолошката ситуација во овие земји е слична или подобра од онаа во Европската Унија“, напиша Вархеји.

Во исто време беше донесена одлука за укинување на сите гранични контроли во рамките на Шенген зоната до 15 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот