Вардарци во осминафиналето на ЛШ најверојатно против тимот преку кој лани обезбедија фајналфор

Фленсбург во 13. коло од ракометната Лига на шампионите со убедливи 34:26 го совлада Пик Сегед.

Германскиот тим пред дуелот со Унгарците имаше мини серија од две победи и вечерва потврдјиа дека се наоѓаат во одлична форма во пресрет на елиминациите во ЛШ.

Натпреварот беше крајно израмнет до средината на првото полувреме, за потоа ракометарите на Фленсбург со одлична серија да дојдат до предност од пет гола (14:9), а на полувремето таа беше за уште еден гол поубедлива (17:11).

Предноста се зголемуваше и на стартот од второто полувреме кога во еден момент таа изнесуваше девет гола (25:16) со што беа разрешени дилемите околу победникот.

Јурецки беше најпрецизен кај Фленсбург со шест гола додека Јепсон, Јондал и Готфридсон постигнаа по четири, а кај Пик Сегед, поранешниот вардарец, Јоан Канељас даде пет гола.

Убедливиот пораз на Пик Сегед најверојатно ќе значи и пад на третото место на табелата бидејќи ПСЖ има два бода помалку но подобар меѓусебен скор и доколку го совлада Елверум ќе се искачи на второто место.

Тоа ќе значи дека Вардар во елиминациите од ЛШ ќе игра против тимот кого лани го елиминира во четвртфиналето и токму преку Пик Сегед обезбеди пласман на фајналфор турнирот во Келн каде потоа и ја освои титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот